Македонски докторки ќе го засилат хрватското здравство

Жупанот сплитско-далматински Блаженко Бобан најави дека наскоро во Хрватска ќе пристигнат на работа 11 докторки од Македонија, кои треба да го надоместат опдливот на медицински персонал во земјата.

„Сите заедно ве поздравува докторка од Македонија, која работи во Суќурје. Ми рече дека 11 нејзини колешки работат на нострификација на дипломите за да можат да работат во Хрватска“, рече Бобан во обраќањето во Сплит околуи проблемите со празнењето на јавните здравствени установи поради заминувањето на лекарите во западноевропските земји.

Меѓу мерките за поправање на лошата ситуација тој ги наведе плаќањето специјализации од локалната власт и зголемувањето на платите, кои веќе 20 години се движат околу 8.500 куни (1.100 евра).