Македонски дрес од Алиоски за Божик расплака од радост обожавателка од Англија (ВИДЕО)

Видеото што го постирал навивач на Лидс за солзите-радосници на неговата ќерка откако за Божик ѝ подарил македонски дрес на нејзиниот омилен фудбалер Езгјан Алиоски е вистински хит на социјалните мрежи.

„Значи… мојата ќерка го обожава Езгјан Алиоски и со месеци молеше за дрес на македонската репрезентација со неговото име. За среќа, најдов еден. Нејзината реакција беше бесценета. Сметам дека вредеше“, напиша Марк на својот профил на Твитер покрај видеото.