Македонски државјанин им извадил нож на Босанци по кавга за политика во Австрија

Државјанин на Македонија им се заканил со нож на четворица Босанци во Австрија по расправија за политиката на Балканот.

Во петокот наутро меѓу нив пред ресторан во Салцбург се водела вжештена расправија за политичката состојба во Босна и Херцеговина и во Македонија. Потоа 28-годишниот македонски државјанин заминал и се вратил вооружен со нож.

Во меѓувреме, четворицата од БиХ веќе биле влезени во такси пред ресторанот, но напаѓачот се упатил кон автомобилот и со нож им се заканил на мажите на возраст меѓу 26 и 36 години, викајќи им: „Ќе ве убијам! Ќе видите!“.

Веднаш потоа тој побегнал, но подоцна бил уапсен од полицијата во близина на локалот и бил одведен во притвор.

SHARE