Македонски филмаџија води кампања против Хрватска!!!

Во последните неколку дена нѐ контактираа неколку Македонци кои живеат во Хрватска, згрозени од антихрватската кампања која по социјалните мрежи и во медиумите ја води некој Македонец Горјан Тозија.

Тој со месеци пишува по социјалните мрежи дека „Хрватска ја водат фашисти“, дека „ХДЗ е фашистичка партија“, дека „хрватската влада е фашистичка“, дека „Пленковиќ е во пакт со Орбан и заедно ја задушуваат слободата во Европа, па затоа ЕУ ги удри по носот“. Она што е неверојатно е дека оваа контроверзна активност всушност ја спроведува државен службеник на Владата на Република Северна Македонија, директор на Агенцијата за филм. А токму Хрватска и нејзината сегашна Влада е таа која несебично помага и лобира Македонија да стане членка на ЕУ, пишува хрватскиот портал ХРсвијет.нет (Hrsvijet.net).

SHARE