Министерот за економија, Крешник Бектеши, денеска извести дека го откажал неговото присуство во форумот на Енергетската заедница во Молдавија, поради тоа што на истиот не е поканета Република Косово.

Претходно и вицепремиерот Бујар Османи откажа учество на меѓународна конференција поради иста причина.

Инаку, министерот Бектеши преку писмо ги известил организаторите на форумот во кое ја навел и причината.

Извор: Лајм


SHARE