„Македонски пошти“ предизборно вработува 280 „поштари“

Оглас за 280 работни места на неопределено работно време објавија и „Македонски пошти“, на неполни два месеци пред одржувањето на изборите.

Со јавниот оглас се бараат главно за поштари, на територијата на целата држава.

Дали на ова ќе реагира Антикорупциска – треба да се види:

„Во периодот по утврдување на датумот за предвремени избори, а посебно во месец јануари, сме сведоци на сè помасовни објавувања на огласи за вработувања, што не е ограничено со законот, ниту со изборниот, ниту со нашиот закон, меѓутоа остава простор за сомневање дека се врши влијание врз гласачкото тело… И тоа не е добро“, изјави неодамна Билјана Ивановска, претседателка на Државната комисија за спречување корупција.

SHARE