Македонскиот дел од комисијата признал дека Самоил е бугарски цар?!

Иван Илчев од бугарскиот дел на заедничката комисија со Македонија за историски и образовни прашања открива дека македонските колеги признале оти царот Самоил е бугарски владетел.

„Постигнавме компромис за цар Самоил – македонската страна призна дека тој припаѓа на бугарската владетелска традиција и е владетел на Бугарија, во која во тоа време влегува и современа Македонија“, изјави Илчев за бугарскиот весник „Труд“.

Историчарот ја објасни и одлуката за заедничко одбележување на годишнината Григор Прличев, „за кој во аргументацијата се вели дека тој е бугарски учител, како и дека тој со своето творештво стои во основата на културата на современа Македонија“. Спор избил за некои од имињата на тракиските племиња, прецизира Илчев.

Поранешниот ректор на софискиот универзитет „Свети Климент Охридски“ се осврна и на македонскиот јазик, за кој бурно реагира вицепремиерот и министер за одбрана Красимир Каракачанов.

„Во последните 50-60 години во јазикот што се зборува во Македонија, за жал, настанаа многу промени. Во речникот влегоа значително многу србизми, а многу бугарски зборови се заменети со странски само и само јазикот да биде оддалечен од бугарскиот. Во 1945 година во Македонија во пракса создаваат нов македонски правопис и нов јазик, со цел да биде максимално оддалечен од бугарскиот. Тој е вештачки создаден со цел, едноставно, да се оддалечи од бугарскиот јазик“, изјави Илчев.

Според него, повеќе од сто години во Македонија упорно се наметнува антибугарско расположение и „има цели генерации граѓани на Македонија кои се воспитувани со легенди и со митови и кои исклучително тешко е да се променат“.

 

SHARE

3 Коментари

  1. Со чија царска круна се крунисал Самоил? Со круната на бугарскиот цар Петар, кога умрел Роман, синот на цар Петар со што бугарската круна останала без престолонаследник. Ако Самоил се крунисал со бугарската царска круна тогаш нормално е да е тој прогласен за бугарски цар. Бугарска царска круна – Бугарски цар. Што има чудно во тоа. Зошто Василиј Втори, кој го поразил Самоил и неговата војска е наречен БУГАРОУБИЕЦ? И да не заборавиме дека тогаш областа Македонија не се наоѓа на денешната територија, туку Македонија се викала територијата на Тракија. Во тоа време не постоело некакво Македонско царство, туку само Бугарско царство. А што се однесува на Григор Прличев, никој не спори дека е од Македонија, но тој се чувствувал Бугарин, што може да се види во сите документи и негови изјави и дела. И што воопшто треба ние да се замараме со историјата. Треба да прифатиме она што е утврдено и признато од светската историја, а ако имаме други или нови докази, треба да ги презентираме во светот и да докажеме пред историчарите од светот. Тоа што Самоил се крунисал со бугарската царска круна, поради што е наречен бугарски цар и што Григор Прличев се чувствувал Бугарин, не значи дека ние не сме Македонци.

  2. Се ке прифатат, јебига кичма нема. Не ми е јасно само како децата ќе учат дека сме се самоокупрале!!!

Comments are closed.