Со победата од 2:0 над Летонија во Рига, фудбалската репрезентација на Македонија си ги обнови шансите за историски прев пласман на европските првенства.

Најдобриот стрелец во историјата на националниот тим, капитенот Горан Пандев, со својот гол во 14. минута, вкупно 34. во 105. настап за „црвено-жолтите“, го најави вториот триумф во шестиот натпревар во групата Г од квалификациите.

Само три минути подоцна Енис Барди го реши прашањето на победникот на стадионот „Даугава“.

Во другите две средби од групата лидерот Полска одигра без голови на свој терен против Австрија, а Словенија дома го совлада Израел со 3:2.

Полска го зачува врвот на табелата со 13 бода, Словенија се искачио на второто место со 11, Австрија е трета со 10, Македонија и Израел имаат по 8, а Летонија е последна без бодови.

Во седмиот круг на 10 октомври избраниците на селекторот Игор Ангеловски ќе ја пречекаат Словенија.

SHARE