Македонските ракометари останаа без „командантот“

Ракометна федерација на Македонија и селекторот Раул Гонзалес заемно се спогодија за прекин на соработката, соопштија од македонската „куќа на ракометот“.

„Земајќи ја предвид потребата машката А-селекција да има стратег кој секојдневно ќе биде посветен и во тек со сите збуднувања поврзани со репрезентацијата, како и оддалеченоста и професионалните клупски обврски на досегашниот селектор, обете страни пријателски и фер се сложија околу прекинувањето на соработката.

Би сакале да му се заблагодариме на ‘Ел команданте’ за досегашното работењe со нашиот А-тим и му посакуваме сè најдобро: многу успеси и многу титули во иднина. Иако ќе ни недостига неговата смиреност и тактичност на клупата, продолжуваме секој со своите предизвици кон нови победи“, се вели во соопштението на РФМ

Гонзалес, кој го предводеше Вардар до пехарот во Лига на шампиони, со Македонија го освои 11 место на Европско првенство 2018 во Хрватска и 15. на неодамнешниот мундијал во Германија и Данска.

SHARE