Македонските ракометари вечерва против репрезентацијата на Грција

Завршниот меч од квалификациите за Европското првенство помеѓу ракометните репрезентации на Македонија и Грција ќе се одигра вечерва со почеток во 18 часот во Струмица во салата „Парк“ која прима 1.500 гледачи..

Никој досега не даде официјално образложение зошто овој меч се игра во Струмица иако Македонија веќе го има обезбедено пласманот на европското првенство, пишува „Пресинг.ТВ“.

Љубителите на ракометот негодуваа бидејќи не можеа да се најдат карти во слободна продажба.

SHARE