Македонските Срби шокирани од жирито, револтирани од “Нулата” за Србија

Припадници на српската заедница во Македонија но и многу други граѓани од другите заедници се револтирани и изненадени од тоа што македонското
жири на песната на Евровизија не му даде ниту еден поен за српската претставничка Невена Божовиќ.

Небулозата да биде поголема српското жири и додели максимални поени на Тамара.

Револтот е голем и поради фактот што автор на српската песна Крунае македонскиот композитор Дарко Димитров.

Во исто време македонските гласачи и дадоа 10 поени на српската песна што е показател за дијаметрално спротивни ставови на таканареченото стручно
жири од македонската публика.

Новинарот од обалста на забавата Дуле Мичиќ јавно праша кој се бил во жирито кое на даде ниту еден поен на Божовиќ

„Кој се бил во македонскот жири што на Србија не и даде ниту еден поен? ИНаку С. Македонија од Србија доби чиста 12ка“, пишува револтираниот Мичиќ кој долги годинни ги следи настаните во естрадата.

Слично прашање имаат уште десетина граѓани на неговиот пост но и илјадници луѓе на другите социјални мрежи деновиве.

Голем дел од нив се сомневаат дека се работи за политика и дека поради политичката состојба некој на жирито му наложил да не дава бодови на Србија за да не се налутат други заедници во Македонија.

Од жирито отфрлаат дека има политика, велат дека секој гласал по свое убедување и дека немало можност да се влијае на членовите на жирито од колегите.

Во жирито чиј избор го направи МРТ имаше 5 членови, го предводеше претседателката Сузана Стефановска, музичка уредничка и водителка во МРТ – Радио 2, а заедно со неа своите гласови ќе дадоа и виолончелистката и пејачка Фјола Исмаили, поп-пејачот Роберт Вукелиќ, диџејката Христина Мицковска и авторот и пејач Александар Митевски.

Една од членовите на жирито Ди Џеј Тина односно Христина Мицкоска вели дека таа гласала за српската песна но дека за бодови одлучува просекот од сите гласови што пластично објаснето значи дека тројца од членовите не дале ниту еден поени за Круна а тие двајца што дале биле минимални не повеќе од 4.

Со освоени 92 бода Србија заврши на 17 место и бодовите од Македонија немаше да и ја промени драматично позицијата но за голем број граѓани и пред се за македонските срби остана горчина што Македонија не ја испочитува убавата песна на северниот сосед.

SHARE