Македонските железници должат 7.2 милиони евра на БДЖ

Една од главните теми на првата седница на меѓувладината комисија за економска соработка меѓу Бугарија и северна Македонија ќе биде долгот од 7,2 милиони евра што Македонски железници го должи на Бугарските државни железници (БДЖ), пренесуваат бугарски медиуми.

Обврските на македонските железници(М) кон БДЖ се акумулирани во периодот од 1991 година како резултат на користење возниот парк на БДЖ на македонска територија.

Долгот е признат од македонската страна, но поради тешката финансиска состојба на МЖ побарана е редукција на сите камати и на дел од главницата.

Бугарската страна очекува предлог за плаќање на обврските.

На средбата ќе бидат разгледани и проекти за транспорт и инфраструктура, земјоделство, економија, енергија и животна средина.

SHARE

Оставете Коментар