Македонско-бугарската комисија расправа за Гоце Делчев

Мешовитата македонско-бугарска експертска комисија, денеска и утре заседава во Софија, а тема иоколу ќе се обидат да се усогласат двата тима се периодот на средниот век и ликот и делото на Гоце Делчев.

Од досегашните шест средби до владите на двете земји се препорачани заеднички чествувања на Св.Кирил и Методиј, Св.Климент, Св.Наум и Цар Самоил, како и препораки за подобрување на учебниците по историја за шесто одделение во Република Северна Македонија и петти клас во Република Бугарија кои се однесуваат на античкиот период од минатото.

SHARE