Македонско Copy – Paste новинарство: Еден наслов, ист текст, напор и креативност нула

Веста за поддршката на независната пратеничка група од 8 екс пратеници на ВМРО-ДПМНЕ за реформските закони ја покажува објективната состојба на македонското новинарство.

Веста како што објавува агрегаторот на вести тиме.мк е објавена од десетина влијателни медиуми со целосно ист наслов и идентичен текст без да има дополнителни информации и агли на покривање.

Освен ако не се работи за свесна политичка манипулација која има цел да ја насочи јавноста кон одредени партиски пораки тогаш во прашање е целосна незаинтересираност за настанот затоа што е очигледно дека некој прв ја напишал и објавил веста а сите други само ја препишале со ист наслов и текст без никакви измени.

Дури и да е текстот напишан од некоја новинска агенција недозволиво е ниту еден медиум да не ја преработи веста и да не стави различен наслов од оригиналниот со што се покажува тоталната неинвентивност на македонските медиуми.