Кошаркарот на Кливленд кавалирс, Џеди Осман, во чест на родната земја Македонија и на Турција, за која настапува, на левата патика го имаше македонското знаме, а на десната турското на „НБА Ол стар викенд“ во Шарлот, каде што настапи на мечот на дебитантите.

„Навистина сум среќен што сум тука и што играв на овој натпревар. Беше многу забавно. Двете знамиња на моите патики покажуваат дека јас ги претставувам и им покажувам љубов. Знам дека тие ме поддржуваат без оглед на сè“, изјави Осман, роден пред 23 години во Охрид.

Единствениот играч на Кливленд на викендот на сите ѕвезди во најсилната кошаркарска лига за 15 минути на теренот постигна два поена од седум обида, на кои додаде четири скока, три асистенции и две украдени топки.

Тимот на светот, за кој играше Осман, кој последниве недели се мачи со повредата на глуждот, загуби од тимот на САД со 161:144.

Хајлајтс од настапот на Џеди Осман:

SHARE