Заменик министерот за животна средина Јани Макрадули не верува во мерните станици кои не се  под државна капа и смета дека има драстично намалување на загадувањето во државава.

Тој на граѓаните им порачува да не користат нерелевантни инструменти, или како што ги нарече алатки од Алиекспрес зашто тие создавале паника кај граѓаните.

„Факт е дека има драстично намалување на загадувањето претходната недела кога имаше магла немавме екстремно вискои концентрации. Анализите во сите држави се прават податоците од државниот мониторинг кои се служат со инструменти кои чинат пари.Креирањетио на политика со алиекспрес сензори може само да создаде паника кај граѓаните“, вели Макрадули.

Според него, мерењата од државниот мониторинг центар покажуваат дека во октомври, ноември и декември 2019 година, споредено со петте изминати години, имаме драстично помало загадување на воздухот.

SHARE