Во гостување во емисијата „Само интервју“ на ТВ Канал 5, заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули Макрадули рече дека РДФ што Цементарницата Усје го користи како енергенс не е опасен отпад и не е извор на аерозагадувањето како што се тврди.

Тој е против барањето на ДОМ итно да се изласа закон за забрана на увоз на отпад што се користи како гориво.

РДФ-от е неопасен отпад кој се добива од различни комбинации на отпад – комунален, индустриски, од текстил, од калта од пречистителни станици… Тие хемиски се обработуваат и се создава алтернативно гориво – вели Макрадули.

Заменик министерот е категоричен дека најголем загадувач на воздухот е затоплувањето во домаќинствата и во јавните институции кои се греат на нафта, мазут и јаглен или со штетни материи како гуми. Единствено решение за намалување на штетните емисии и ПМ-честички, рече, е промената на начинот на греење и поврзување на гас или на топловодни мрежи.

SHARE