Макрадули опозиционер против Макрадули заменик министер (ВИДЕО)

Човекот е заменик министер за екологија во време кога Македонија ги држи топ позициите на најзагадени светски градови.

Во текот на неговиот мандат не пропушти ниту една можност да патува низ светот за да научи нешто за битката против загадувањето.

За жал граѓаните не видоа аир од неговите патувања.

За да ја оцените неговата работа најдобро е да видите и чуете што зборуваше тој додека беше во опозиција за загадувањето.

И да сфатите дека заборавил на тоа што го говорел пред околу 5 години кога не бил на власт.