Макрадули се пожали дека бил „паталец“ во минатото

Актуелниот заменик министер за животна средина, Јани Макрадули, вели дека тој бил пример за тоа како биле дискриминирани членови на СДСМ.

Во обид да го одбрани министерот Дамјан Манчевски според кој „10 години членови на СДСМ биле дискриминирани при вработувањата во државната администрација“ Макрадули на Фејсбук вчера повика на дебата со сите кои го негираат ставот на Манчевски.

„За изјавата на министерот Манчевски, спремен сум да дебатирам со сите оние кои го негираат неговиот став. Се разбира ако имаат време. Како паталец со примери дека ниту искуство, ниту знаење нити просек, а не пак SCi трудови помагаат. Секако не сум бил единствен, некои поминале многу полошо и подолго, ама мора да повториме една лекција: солидарноста е одлика на социјалдемократите. Не за вработување, за Поддршка зборувам. Тоа преведено во претстојните избори значи: единствен кандидат за едноставна победа“, напиша Макрадули на Фејсбук.