Водечките политичари во Босна и Херцеговина се бесни по изјавата на Емануел Макрон дека нивната земја е „темпирана бомба“ и најголем проблем за Европа поради „џихадисти повратници“, пренесува РСЕ.
Запрашан од новинарите зошто го блокирал почетокот на преговорите со С. Македонија и Албанија на самитот на ЕУ во Брисел, Макрон објасни дека ниту една од тие две земји не е примарна.
„Доколку сте загрижени за регионот, првото прашање не се ни Македонија или Албанија, туку Босна и Херцеговина. Темпираната бомба која отчукува на границата со Хрватска и која се соочува со џихадисти повратници Босна и Херцеговина“, рече Макрон. 

Хрватскиот член на Претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ најави дека ќе го повика францускиот амбасадор да ги објасни коментарите на Макрон во интервјуто за магазинот Економист. 

SHARE