ПФранцускиот претседател ќе ја ограничи праксата други земји да праќаат имами и учители во Франција, со цел да го запри „сепаратизмот“.

„Нема да и дозволам на ниту една земја да не храни со сепаратизам, изјави Еменуел Макрон, додавајќи дека треба да се стави крај на исламскиот конзуларен систем за да се ограничи странското влијание и да се обезбеди почитување на француските закони.

Тој наведе дека Алжир, Мароко и Турција годишно во Франција испраќаат 300 имами.

Макрон бара француските институции кои го претставуваат исламот да обезбедат имамите да се обучуваат во Франциија.

SHARE