Наместо полноправно членство Франција ќе им понуди привилегирано специјално партнерство на некои земји од Западен Балкан, а веќе наводно почнале и неофицијални дипломатски консултации во тој правец.

Идејата е на земјите од западен Балкан да им биде понудена финансиска помош, посебни аранжмани за пристап на европските пазари и други погодности во замена за тивко откажување од полноправно членство. 

Франција се наоѓа под притисок од европските партнери на европскиот самит во март идната година да отстапи од својот тврдокорен став и да им одобри на Македонија и Албанија да започнат преговори, а сите преостанати проблеми потоа да се решаваат во текот на отворањето на пристапните преговори.

Наводно, и изборите во Македонија токму од таа причина се закажани за април, за да се види дали ЕУ сепак во март ќе одобри продолжување на пристапниот процес.

Слична понуда Германија пред десетина година и дала на Турција, ветувајќи и привилегирано партнерство наместо членство, но тоа сега е сфатено како елегантен начин за откажување од примање на Турција во ЕУ.

SHARE