Макрон откри зошто Заев сака одложување на изборите на 12 април

Франција може да ја тргне блокадата и Македонија може да добие датум за преговори но дефинитивно тоа нема да се случи пред изборите на 12 април, откри денеска од безбедносната конференција во Минхен францускиот претседател Макрон.

Датум за преговори за ЕУ пред избори предходно побараа и СДСМ и ДУИ.

Макрон најави дека ќе дозволи Македонија и Албанија да започнат со преговори за влез во ЕУ пред се во зависност од тоа дали земјата ќе добие добри оценки од Брисел.

Француската дипломатија зборува за неколку услови за Македонија да добие датум а потоа и да започне преговори.

Првиот услов е Европската комисија во текот на март да даде позитивно мислење за напредокот на земјата.

“Го чекаме извештајот на Европската Комисија во март од што зависи, доколку резултатите се позитивни и довербата е воспоставена, тогаш би требало да бидеме во позиција да ги отвориме преговорите”, изјавил Макрон во Минхен пренесуваат светските агенции.

Фер и демократски избори на 12 април ќе бидат секако дел од пакетот од кој ќе зависи дали и покрај попуштањето на Макрон да ја тргне блокадата Македонија и Албанија би започнале преговори годинава, но за Франција има уште два други услови што треба да се исполнат.

Другите два услови за кои Макрон разговара со своите европски партнери се:

1. Холандија и Данска да ја повлечат својата блокада за Македонија и Албанија

2. Сите 27 земји членки на ЕУ да се согласат со финансиските аспекти на нивата методологија.

Доколку се потврди најавата на Макрон од Минхен странски набљудувачи на процесите очекуваат нов обид на СДСМ и ДУИ да ги одложат изборите се додека Македонија не добие датум за преговори.

Според истите извори со оглед на катастрофалниот рејтинг и резултати на Заев и неговата партија датумот за преговори би бил единствената шанса тие да добијат каков – таков политички наратив во изборната кампања.

Најавата на Макрон открива зошто иако не било договорено на лидерската средба на која беше закажан датумот на избори Заев сега инсистира на донесување на низа закони на погрешен начин иако за тоа да не го прави беше предупреден од ЕУ амбасадори.

Неговата цел беше Мицкоски да направи грешка, да се повлече од Собранието и да направи атмосфера во која ќе може да се одложат изборите, тврдат добро упатени странски дипломати во Скопје.

SHARE