Макрон вечерва повторно ни кажа „не“ за датумот за ЕУ

Францускиот претседател Макрон пред малку на прес конференцијата со германската канцеларка Меркел во Тулуз го повтори ставот дека нема да има проширување на ЕУ со Македонија и Албанија.

„Ја споделувам истата геополитичка и стратешка визија со германската канцеларка. Сакам да испратам позитивен сигнал до овие лидери, но сериозно погледнато сега јас морам да им порачам: Овојпат нам ни е потребно малку повеќе време за да ги средиме работите,“ рече Макрон во Тулуз.

Макрон во изјавата ги поздрави реформите и дава признание за се што е направено од страна на двете земји кандидатки , но сепак според него ЕУ не е подготвена во тесната европска куќичка да кани нови членки односно “другарчиња”.

Макрон на прес конференцијата Макрон изјавил дека место за Западниот Балкан во ЕУ има но сегашниот начин на пристапување на нови членки е апсурден.

За Макрон проблем за сегашниот случај е и бројот на азиланти од Албанија во ЕУ.

Тој повторно ја потенцира новата методологија за идно проширување и потребата куќата (ЕУ) прво да се среди и реновира затоа што некои сакаат внатре некои сакаат надвор но дека само некои плаќаат за реновирање на куќата.

Канцеларката Меркел на пресот оставила простор за надеж дека сепак до петок се можни и позитивни сценарија.

SHARE