Откако јавното обвинителство од Куманово ја отфрли кривичната пријава против него и членот на Општинскиот кризен штаб, Горан Стојановски, градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски најави најави „активности“ со адвокати против оние кои му монтирасле случај.

„Убеден сум дека вистината за овој монтиран случај излезе на виделина. Ќе ги преземам сите активности предвидени со закон да се лоцираат одговорните лица во постапката кои, од ним познати мотиви, ги злоупотребија сопствените службени овластувања и креираа случај за наводно сторено кривично дело кое имаше за цел јавно да ме девалвира и дискредитира и да ја искриви вистината. За жал, ова не е прв случај во кој МВР и други државни институции се користат за политички пресметки, вршење притисок и раскусурувања со неистомисленици. Такви случаи имало и во минатото“, напиша кумановскиот градоначалник на социјалните мрежи.

Протв Димитриевски беше поднесена од СВР-Куманово како и против раководителот на Центарот за управување со кризи од Куманово, за сторено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

SHARE