Рекорден број на новозаболени од морбили е забележан минатата недела кога дури 126 луѓе се заразиле со вирусот, соопштија од Институтот за јавно здравје.

 Со овие нови случаи, вкупниот број на заразени достигна до 960.

„Повеќе од половината се деца на возраст до четири години меѓутоа имаме и висок број на заболени коишто се од повозрасните групи, над возраст од 30 години.“ велат од Институтот.

Трудница од штипскиот регион која била во шестиот месец од бременоста, пред десетина дена го загубила плодот, откако претходно заболела од морбили.

SHARE

1 Коментар

Оставете Коментар