Мамо, не можам да дишам: Последна порака од камионот на смртта

(FILES) In this file photo taken on October 23, 2019 British Police forensics officers work on lorry, found to be containing 39 dead bodies, at Waterglade Industrial Park in Grays, east of London, on October 23, 2019. - Investigators prepared on October 25 to start the first autopsies on the bodies of 39 people believed to be Chinese nationals found dead in a refrigerated truck, in a case that has shocked Britain. (Photo by Ben STANSALL / AFP)


Се повеќе Виетнамци стравуваат дека нивните роднини се меѓу 39-те лица што беа пронајдени во камионот ладилник откриен во Есекс, Велика Британија.
Британската полиција најпрво соопшти дека се работи за Кинези, но подоцна се покажа дека најмалку шест од трагично загинатите се Виетнамци.
Мигрантите кои починаа во ладилникот на температура од -25 степени, оставиле „крвави отпечатоци“ од внатрешноста на вратите и на ѕидовите што наведува на заклучок дека до последен момент жртвите очајно се бореле да се ослободат од фрижидерот и да повикаат помош.

Семејство од Виетнам соопшти дека нивната ќерка им испратила порака во која вели дека се задушува и умира. Фам Тра Меј (26) во вторникот вечер испратила порака до нејзината мајка по што веќе не се слушнале.
Несреќните родители на Фам Ти Тра Ми признале дека платиле 30 000 фунти 26 годишната ќерка да биде прошверцувана во Британија.

SHARE