„Земав обврска еден мандат да помогнам колку што можам. Мислам дека тоа го направив на начин на кој ценев дека е најсоодветен, меѓутоа се створи јаз од она што се створи како перцепција во влијанието и евентуалниот конфликт на интереси, а од друга страна имаме нешто што е вистина и неа сите ќе ја видиме во февруари 2020 година – рече Кочо Анѓушев во одговор на прашање околу профитот на неговите компании на денешната прес-конференција во владата.

Тој реагираше на пишувањето на некои медиуми дека компаниите профотираат сои забелешка дека тоа се стари податоци односно од 2018 година, а неговата изјава за загуба се однесува на 2019 година.

Вицепремиерот за економски прташања се пожали дека мандатот во владата не само што ги ограничувал неговите компании, а поради неговото отсуство од компаниите тие бележат лоши резултати во работењето.

SHARE