Манев: И фрескописците ли биле творци од Северна?

„За кого да сликам, за НАТО или за ЕУ? Нели не убедуват само тоа е нашиот излез и решение?

А, ние сме дел од Европа, културно сме ги задолжиле и Европа и светот.

Што треба да речат авторите кои пред векови ги изработија нашите икони и фрески? Што со нив и нивните дела? И тие ќе ги нарекуваме творци од Северна?“, пишува познатиот сликар, Коле Манев, во неговиот запис за порталот „Денешен“.