Марков: Да не ги помакедончуваме посмртно нашите дедовци

„Јас не му го оспорувам правото на никого денес да се самоопределува како Македонец. Драмата е во тоа што дедото на тој Македонец по род бил Бугарин. Да не посегнуваме пи да не копаме по гробовите на тие наши дедовци и да ги помакедончуваме посмртно – не можеме да ја правиме историјата слугинка на политиката“.

Вака размислува бугарскиот академик Георги Марков кој во напис за „24 часа“ изразува чудење зошто македонско-бугарската комисија за промена на учебниците разменува учебници за да се исчистеле од јазикот на омразата.

„Требаше да постапиме како Грците – прво да ги исчистиме спорните прашања во историјата како тие (Грците), па потоа да потпишуваме договор “(за пријателство –н.з.) вели Марков и за пример го дава Александар за кои Грците рекоа дека е – Елин.

Марков вели дека прво е потребно да се прецизираат учебниците:

„На прво место дека историјата на двете земји до крајот на Втората светска земја бугарска т.е. заедничка. Во географската област не живеат Македонци по националност. Но по Втората светска војна маршал Тито – таткото на македонската нација и кој направи и уште една – муслиманската во Босна каде се колеа 5 години – велеше: „Не сте ни Срби, но не сте ни Бугари. Вие сте Македонци!

(…) Тие(Македонците), во текот на 1991 година требаше да размислат дека не се македонска нација, создадена по коминтерновски рецепт од 1934 година“, вели Марков.