„Маршот за правда“ ќе го блокира центарот на Скопје

Од Град Скопје известуваат дека поради граѓанскиот „марш за правда“ закажан за 18 часот пред Собранието, зaтворени за сообраќај ќе бидат и двете насоки на улиците 11 Октомври и Д. Чупоовски на потегот од крстосницата со бул. К. Рацин се до крстосницата кај ТЦ Палома бјанка, како и од крстосницата на улиците Д.Груев и В. Главинов кон раскрсницата на улицата Филип Втори и Д. Груев.


Мaршот ќе заврши пред комплексот cyдови во Скопје, а од Град Скопје апелираат за разбирање. и внимателно возење.