Мартенс за бугарскиот меморандум: Историјата е за во историските книги, а не за во преговорите за ЕУ

Германскиот новинар и публицист Михаел Мартенс во статија за „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ се осврнува на бугарските условувања за евроинтеграцијата на Македонија.

„Вие сте она што ви велиме да бидете: Со години, Македонија беше уценувана од Грција сè додека не го смени името во Северна Македонија со цел да почне преговори за членство во ЕУ. Сега Бугарија пробува слична игра. Историјата им припаѓа на историските книги, а не на преговорите со ЕУ“, констатира Мартенс во анализата насловена „Вие не сте она што си мислите дека сте“.