Мартенс: Зошто западните медиуми не известуваат за албанскиот шовинизам

Долгогодишниот известувач за Балканот на германскиот весник Франкфургер Алгемајне Цајтунг (ФАЦ) Михаел Мартенс дава можна причини за слабото медиумско известување за албанскиот шовинизам.

“За Балканот: Дали за албанскиот шовинизам помалку се известува во медиумите? Не поради тоа што е помалку агресивен од српскиот, хрватскиот шовинизам туку затоа што најголем број странски новинари просто не знаат албански и затоа раскажуваат приказни од земји чиј јазик го разбираат”, пишува Мартенс кој 25 години известува за Балканот за повеќе западни медиуми.

Мартенс своите дилеми ги изнесува откако британската поп пејачка со албанско потекло Дуа Липа објави мапа на Голема Албанија и тврдење дека Албанците се автохтони народ кој бил тука пред сите други доселени народи.

Изјавата на Мартенс на англиски јазик:

On the Balkans: Is Albanian chauvinism maybe underreported in media? Not because it is less aggressive than Serbian, Croatian & xyz chauvinism, but because most foreign journos simply do not know Albanian, thus rather telling stories from countries whose language they understand?

SHARE