Раководството на железници им додели писмени предупредувања дека ќе останат без работа на машиновозачите кои 4-ти ден ваат да се вратат на работните места, изјави за МИА, претстаникот Душко Чакаровски.

Машиновозачите бараат зголемување на надоместокот за квалитет на работа за 10 проценти и порачуваат дека не отстапуваат од нивното барање, дури и по цена на откази

Поради прекинот на работа веќе четврти ден и патничкиот и товарен транспорт во земјава не функционира.

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска рече дека нема да дозволи државата граѓаните и другите вработени во МЖ Транспорт да бидат заложници на машиновозачите и нивниот, според него, незаконски шрајк.

„Машиновозачите да се вразумат и да почнат да работат, бидејќи немаат причина за штрајк. Досега им се исплатени сите плати и заостанатата од претходната власт укинати се антикризните мерки. Се што било побарано се е удоволено. Не е ова пазар каде што ние можеме да се пазариме за коефициентите. Штрајкот е неоснаван и незаконски“, рече Сугарески.


SHARE