Маскирани лица влегле во домот на инфектологот Вело Маркоски

Во текот на вчерашниот ден засега неидентификувани маскирани лица влегле во домот на докторот и водечки македонски епидемиолог Вело Марковски кој од минатата недела е член на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Според информациите што ги објавува курир.мк во семејниот дом на Марковски вчера се обиделе да влезат неколку лица за да извршат кражба.

Во тие моменти дома биле неговата сопруга и малолетно дете, а за среќа не е причинета никаква материјална штета.

Случајот е пријавен и во полиција.

Порталот во врска со случајот прашува дали влезот во домот на епидемиолог е форма на политички притисок и заплашување од страна на власта затоа што ваквото разбојништво доаѓа веднаш откако Марковски е поставен за нов член на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Др. Марковски важи за водечки македонски еоидемиологот и е еден од македонските лекари кои не се согласуваа целосно со начинот на кој што здравствените власти се справуваат со коронакризата.

SHARE