Експлицитни фото материјали причина за тепачки во скопско улилиште

Според официјалниот билтен на МВР завчера на 13.09.2019 во во Полициската станица Аеродром, А.Б. од Скопје пријавила дека околу 15.00 часот во скопско училиште била физички нападната од Б.А. од Скопје.

Подоцна, во 18.00 часот во полициска станица, А.Б. пријавила дека околу 16.00 часот во истото училиште била физички нападната и од С.А. од Скопје.

Исто така, во Полициската станица Аеродром, С.А. пријавила дека околу 16.00 во училиштето била физички нападната од М.Б. од Скопје. Според пријавеното, причина за физичките напади, се меѓусебни семејни недоразбирања.

Според МВР Случајот е расчистен и поднесени се прекршочни пријави за сите инволвирани по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

Неофицијално во случајот во кој се инволвирани најмалку 4 лица проблем се експлицитни фото материјали кои биле пронајдени во телефон на директор на скопско училиште а кои на засега непознат начин дошле до членови на неговото семејство.

Откако членови на неговото семејство ги нашле фотографиите отишле да се разберат со партнерката на директорот по што во случајот се вклучил и нејзиниот сопруг.

Тој пред сведоци тврдел дека експлицитните фотографиите се монтирани со цел да се урне владата затоа што директорот бил поставен од актуелната власт.

Колеги на инволвираните тврдат дека експлицитните фотографиите можат да предизвикаат нови тензии и инциденти затоа што во телефонот на директорот имало материјали за повеќе лица.

SHARE