Македонско друштво “Илинден”-Тирана ги повикува сите Македонци во Република Албанија што имат македонско државјанство да се пријават или да направат увид во Избирачкиот список за гласање во странство за предвремените избори за пратеници во Собранието на Македонија на 12 април.

Согласно Јавниот повик објавен на сајтот на Државната изборна комисија на Македонија тие избирачкото право ќе можат да го остварат во Амбасадата на Република Македонија во Тирана на улица “Кавајес’’ број 11, пишува весникот „Илинден“-Тирана.

Увидот во Избирачкиот список може да се изврши и преку интернет страницата https://dijaspora.sec.mk/ Избирачкиот список:  https://izbirackispisok.gov.mk/  како и за Пријава за регистрација за гласање во Дијаспора: на сајтот https://dijaspora.sec.mk/