Мечот Македонија-Косово без публика – ако не се одложи!?

Спортските натпревари во следните 30 дена ќе се одвиваат без публика, што значи дека и фудбалскиот натпревар Косово- Македонија ќе се игра без публика.

Средбата на репрезентациите, што се сметаше за натпревар од висок ризик ќе се игра без публика, меѓу другото и затоа што тројца фудбалери од двете репрезентации играат за италијански клубови и, согласно препораките за заштита од коронавирус, би требало да поминат 14 дена самоизолација пред да истрчаат на терен.

Двете репрезентации на 26 март во Скопје играат бараж натпревар во полуфиналето од Лигата на нации во обидот да се изборат за пласман на Европското првенство кое треба да се одржи налето.

Испратено е барање УЕФА, сепак, да ја одложи средбата…

SHARE