Четирисетгодишен скопјанец со прекар ‘Медо’, семеен човек, тако на малолетно дете и еден од основачите на „Јавна Соба“, самиот се пријавил во полициска станица каде што му бил одземен телефонот и даден на вештачење.

Од МВР го потврдија дека веќе е идентификуван и еден од администраторите во групата.

Членовите во групата „Јавна соба“ на му посакаа цимерите во ќелија да немаат ќерки.

Неофицијално скопјанецот и уште две лица, Македонци кои живеат во САД и Европската Унија стојат за оваа група. Двајцата ја напуштиле речиси на самиот почеток додека „Медо“ остана до завчера, дознава Телма.

„Медо“ е кодното име на администраторот на групата на телекомуникациската апликација „Телеграм“ која викендов ја крена на нозе македонската јавност, откако беше обелоденето дека таму се споделуваат порнографски видеа и фотографии од девојки. Тој за македонски медиуми тврди дека целта не била порнографија, но работата излегла од контрола.

SHARE