Медведев: Уривањето „несакани“ влади станува приоритет за САД

Изјавите од Вашингтон укажуваат на тоа дека политиката на соборување на неподобни влади одново станува приоритет за САД, вели рускиот премиер Дмитриј Медведев, во интервју за бугарски „Труд“ во пресрет на посетата на Софија.

„Од Вашингтон пристигнуваат извештаи за можна воена интервенција. На граничниците има провокации. Сето тоа е многу алармантно и укажува дека политиката на соборувањето несакани влади во духот на Монро доктрината на Монро  уште еднаш станува приоритет за САД“, вели Медведев.

Медведев рече дека Русија ги повикува сите “„јужно-американски пријатели сериозно да размислат каков став заземале  конвладата на Николас Мадуро“.

Рускиот премиер е убеден дека мирот во Венецуела може да се постигне само преку внатрешен национален дијалог.

SHARE