Меган Маркл, сопругата на британскиот принц Хари, има неверојатна „дарба“: Каква и облека да облече, таа веднаш станува хит…

Последен случај е со производителот на фармерки Outland Denim чии фармерки Меган облекла во две прилики за време на посетата Австралија. Од компанијата најавија дека интересот за нивните фармерки порасна толку многу што ќе отворат нови работни места за шивачки во фабриката во Камбоџа.

„Благодарение на изборот на војвотката, ќе изнајмување уште 15 до 30 шивачки“ сооппштија  од Outland Denim на Твитер.

Меган го избрала овој бренд  веројатно поради нејзината социјална ангажираност. Outland Denim се стреми да обезбеди добри услови за работа на жените во Камбоџа и вработувања работнички кои биле жртви на трговија со луѓе или живеат во крајна сиромаштија.