“Меѓаши” од МОН бара посебно внимание за најранливите ученици во онлајн наставата

Првата детска амбасада во светот Меѓаши со апел до образовните власти да најдат решение за најранливите категории ученици како организација која континуирано и детално ги следи и анализира случувањата во процесот на образование на децата.

Апелот на Меѓаши до Министерството за образование и наука:

Во оваа состојба, дополнително будно ги следиме и плановите за начинот на спроведување на наставата од септември, во новата 2020/2021 учебна година. Исправени сме пред сериозни предизвици, предизвици кои од нас како општество ќе бараат големи промени и прилагодувања, но наша должност е да ги штитиме и браниме правата на секое дете.

Имајќи го тоа на ум, би сакале да укажеме дека во периодот од март 2020, кога поради сериозна закана од масовно ширење на Корона вирусот беа затворени сите образовни институции, градинки, основни и средни училишта и факултети, заклучно со јуни кога и официјално заврши учебната година, илјадници ученици беа исклучени од воспитно-образовниот процес и немаа можност да ја следат онлајн наставата што беше спроведена од страна на училиштата по барање на МОН.

И тука би сакале да ги споделиме истражувањата направени од страна на граѓански организации кои укажуваат дека само во 2 училишта од Шуто Оризари во Скопје речиси 1000 ученици воопшто немале можност да следат настава во периодот март – јуни 2020 година, имајќи на ум дека овие семејства живеат во сиромаштија и немаат пристап ниту до технички средства (компјутер, таблет, телефон) ниту пристап на интернет, а уште помалку соодветно знаење за користење на овие алатки. И ова е само еден пример.

Дополнително тука секако се сите деца од специјалните образовни установи, децата со оштетен вид или слух, децата со нетипичен развој и потешкотии во учењето кои се врзани и се потпираат на поддршката од образовни асистенти. Сите овие деца останаа надвор од образовниот процес речиси 3 месеци.

Токму поради ова, сериозно сме загрижени од најавите на МОН дека и од септември се планира продолжување на образовниот процес преку онлајн настава. Детската Амбасада Меѓаши апелира до надлежните при креирање на политиките и плановите за новата учебна година да ги земат предвид семејствата и децата од горе споменатите најранливи категории чиј број не смее да се занемари, бидејќи не смееме да си дозволиме, во 21 век, децата да не можат да остварат едно од основните права, правото на образование.

Исклучително е важно да не се носат избрзани решенија и да се разработи добра и детална стратегија, прецизно планирање, јасен и прецизен распоред за работната недела и соработка помеѓу образовните институции, стручните служби, родителите, наставниците и децата.

Кризата предизвикана од Корона вирусот само го забрза она што одамна беше неопходно да се случи во нашето образование, а тоа е да се ревидираат досегашните наставни планови, да се изменат, скратат и прилагодат на новонастаната ситуација и воедно на новите потреби на децата и на општеството во целина. Ова е можност наставниците да ја добијат улогата на ментори и да им овозможат на учениците да ги стекнуваат неопходните знаења преку дискусија, критичко размислување, споделување мислења, идеи, анализа и решавање на проблеми и развој на личните квалитети. За сето ова потребни се многу едукативни сесии, семинари, обуки и поддршка за наставниот и педагошко/психолошкиот кадар, кои треба да бидат подготвени за овој огромен предизвик.

Дури и учебната година да започне со задоцнување наместо на 1 септември, апелираме да се изнајде начин, така наречен, хибриден модел преку кој ќе се комбинира онлајн наставата со настава во училница со скратен број часови и предмети, пократок престој и помал број на ученици во исто време. На тој начин ќе им се даде еднаква можност на сите ученици да следат настава, стручните служби и наставниците ќе бидат во можност да ја следат емоционалната состојба на децата и соодветно да реагираат онаму каде ќе проценат дека е неопходна нивната поддршка. Наставниците и децата ќе го одржат постојаниот контакт и ќе бидат во можност да градат релација неопходна за здрав емоционален развој на децата, СО ПОСЕБНО ВНИМАНИЕ НА ВОСПИТНАТА КОМПОНЕНТА. Секако не смееме да ги заборавиме ниту физичката активност, другарувањето и детската игра кои, ако се добро структурирани сигурно ќе бидат многу побезбедни од она што сега го сведочиме во парковите и на детските игралишта.

Во поглед на онлајн наставата, неопходни се повеќе елементи, меѓу другото:

– унифицирана платформа која ќе ја користат сите училишта и наставници;

– редовна комуникација меѓу учениците и наставниците преку онлајн платформите за учење што овозможуваат директен аудио и визуелен контакт;

– проектни активности во кои децата би работеле во мали групи и би вклучувале развој на вештини кај децата, како на пример презентациски вештини ако им се даде да развијат одреден проект и истиот да го презентираат, животни вештини работејќи на пример на дневник за постигнати нови вештини за готвење, шиење или друг вид на помош во семејството, вештини кои ќе ги подготват за иднината.

На крајот ви препорачуваме да го погледнете обраќањето во прилог, подготвено од група граѓански организации и поддржано од Детската амбасада Меѓаши: кратка анализа на ефектите на Ковид 19 врз ромските деца особено и препораки за краткорочни и долгорочни мерки за справување со КОВИД-19 во делот на онлајн едукација – кое е доставено (или ќе биде деновиве) како барање до Министерството за образование и наука.

Текст на Катерина Златановска Попова – надворешна соработничка на Детската амбасада МЕЃАШИ

Прва детска амбасада во светот МЕЃАШИ – Република Македонија

Анализата за влијание на Ковид 19 на децата од Ромска националност на англиски јазик во продолжение:

COVID Effects on (Roma) Communities in North Macedonia – Is Online Education a Right or a Privilege?

NGO Testimonies During the Corona Outbreak, May-June 2020
National Education Projects – Various Experiences
– Brief Recommendations –
Summary
A part of Roma and other children in North Macedonia / Suto Orizari are currently excluded from the online education system; to illustrate this, there are close to 1000 children in Suto Orizari who cannot participate in online learning activities due to the fact that they have no internet / computer / tablet access. More precisely, a survey conducted by the Braka Ramiz and Hamid school in Suto Orizari, confirmed that many families struggle with the lack of internet access (https://deca.mk/rechisi-1-000-uchenitsi-vo-braka-ramiz-hamid-vo-shuto-orizari-se-izolirani-od-nastava-drugata-polovina-koristat-zum/). An additional telephone survey with Roma families in Suto Orizari conducted by the project partners Ambrela and SIEC within the Roma Education Fund tutoring project has shown that, despite all the efforts made by the local and national authorities and institutions, many families are struggling through the online education home schooling introduced during the corona crisis.

Lack of internet access in the times of corona crisis has thus widened the already existing education gap as the online learning is not accessible to all children, especially for those living in prior social exclusion. This can lead to high socio-economic risks such as future drop-out, marginalisation and discrimination which we wish to prevent by enabling the children to participate in online schooling, which is their basic human right to education.

This document is a brief reflection of the (Roma) children education project experiences, based on the currently implemented, various education projects in North Macedonia. The document recommendations are designed with the aim of awareness-raising among the NGOs, local and national structures and international community, offering concrete solutions on how they could possibly protect the basic human right to education for Roma children and prevent their future marginalization and discrimination.

Introduction
As noted above, the aim of this brief, emergency-response recommendations document is to draw attention to the situation of (Roma and other vulnerable) children in the online education process and to expose some of the main challenges for children and their parents who are required to be a part of the online education system, while lacking conditions for their daily participation. The lack of conditions for the participation in online education has produced an instant education gap for Roma children in North Macedonia. NGOs Ambrela and SIEC (Social Integration & Empowerment Centre) are the driving force behind the initiative of exposing several crucial challenges in online education programme while other NGOs such as Detska Ambasada MedjasiFirst Children’s Embassy in the World Megjashi, Mesecina Gostivar and Insoc Gostivar, have joined the action as they share the same or similar, experience-based education challenges in their direct or indirect work with their respective target groups such as Roma and other children in North Macedonia who were partially excluded from the education process for various reasons.

With the corona outbreak, various NGOs have addressed the issue of the corona negative impact on the Roma communities in several countries, informing both the national and EU structures on the emergency of finding short-and long-term solutions in the future, in order to prevent discrimination and further exclusion from education.
In the EU context, REF and its grantees SIEC and Ambrela have called for “the attention of the European Commission (EC), governments of respective EU Member States and the candidate countries to urgently react on the extremely vulnerable position of Roma communities in the light of COVID 19 pandemic”, attached here is the link to the Roma Education Fund statement related to the COVID-19 crisis, https://www.romaeducationfund.org/roma-education-funds-statement-on-covid-19-effecting-roma-communities-and-access-to-education/

In REF’s addressing to the European Commission and the EU member states, one of the crucial recommendations was:

• to focus on respecting basic human rights via providing access to equal remote education by ensuring internet, electricity, and opportunity to obtain PC/laptop/TV depending on the main channel of remote education.

The Other Side of the Corona Coin – Roma Children Main Challenges in Online Education
With the aim of respecting the basic human right to education and trying to prevent even a wider gap for (Roma) children in N. Macedonia, the undersigned NGOs have described the main challenges for Roma children within their respective projects:
• lack of internet access / IT technologies for online education participation
• lack on the side of families to assist their children on a daily basis
• lack of a supportive home environment and learning home conditions for doing daily homework and following online education
• lack of availability of families to the school staff (due to the lack of telephones, tablets, other IT technologies needed for home schooling)
• lack of regular / optimal contact between schools and families
• lack of technical means, support, skills on using online education
• an immense amount of daily responsibilities for teachers, parents, children
The above mentioned challenges and core obstacles have produced an extremely high risk for (Roma) families and their children in terms of:
• wider education gap
• school drop-out
• deeper social exclusion
• discrimination and stigmatization

Corona crisis has slowed down all NGOs regionally and internationally in implementing their programmes and project activities – some of the project planned activities were focusing on tutorship classes, home visits by community mediators, parental workshops, teacher and tutor seminars, trainings for students etc. However, with the corona outbreak, all of the planned activities suddenly had to be transferred online, as the opportunities have allowed it per individual project.
In consultations with their donors, various NGOs have all tried to find additional emergency-response solutions to the situation of crisis, by initially writing a COVID statement for the EU members, and subsequently finding additional ways to support children with tablets and PCs, while urging governments and international community to take additional measures in combating the high future risks of drop-out and further social exclusion.

Recommendations to the national / local structures:
Based on the currently available evidence and experience, various organizations in North Macedonia call the attention of respective political and policy stakeholders to properly address the educational challenges for Roma and other pupils / parents face during the corona crisis and afterwards – this is a call for short-and long-term actions with regards to the education of all vulnerable groups of children who are exposed of a risk of the future education exclusion:

• Short-term solutions:

• Adapt learning school programmes to the actual and realistic needs and current learning conditions for children families (for all children) – some of the programmes are too difficult to follow online both for children and for parents, requiring resources, time, skills and energy
• Adapt grading system to the actual corona circumstances (for all children) – current learning conditions should be taken into consideration when grading children for this and coming school years
• Offer short- and long-term solutions for the extra difficult circumstances of vulnerable groups, i.e. no access to technologies (including Roma children / families); more specifically, conduct a needs-based field research via local authorities / NGOs on the needs for learning technologies and access of Roma (and other vulnerable) children so they can in the future follow online education system
• Create a digitalization strategy for online home learning, involving extra support measures for vulnerable Roma families / children who do not have online learning access (internet / tablets); also family packages support included (we are aware that in the meantime, there is an existing draft version of the online learning strategy that is in the process of finalizing; however, the current strategy needs additional attention for the vulnerable groups of families)

• Long-term solutions:

• Open / introduce internet and computer use and net access facilities in extra vulnerable communities
• Organize free computer courses for children / parents on new technologies (within NGOs, municipalities)
• Open / introduce computer labs for children in various schools (where needed)
• Open telephone lines with multidisciplinary teams in schools for parental support (pedagogist / psychologist / special educator)
• Support local community development projects by organizing parental support groups with online tutors, in collaboration with local municipalities, NGOs, local institutions and international community
• Organize national technical support centre for schools (regarding online learning, websites, zoom and other online technology meetings etc.)
• Introduce mediators as long-term solutions in working with (Roma) communities (not only project-based engagements)
• Adapt the current enrollment procedures elementary and secondary schools (for 1st graders and 9 graders); make it online or telephone accessible for parents to register their children, the documents could be sent electronically within the corona crisis period
• Support organizing additional “catch-up” summer and winter schools for families that need additional support

SHARE