Меѓу артистите што ќе свират за НАТО син на специјален советник на премиерот Заев

Меѓу артистите што в сабота ќе настапат на концерти по повод поканата за НАТО во 15 градови се наоѓа и Горан Кан, ди – џеј кој што е син на Цветанка Ласкова, специјален советник за култура на премиерот Заев.

Горан Кан ќе настапи во Битола заедно со Дуке Бојаџиев и двајца други артисти.

Цветанка Ласкова е претседателка на Форумот на жени на СДСМ. Во политиката се активираше во 2009 година, кога се приклучи на Градскиот одбор на СДСМ, и стана претседателка на Комисијата за култура, а од 2011 е на чело на Форумот на жени на СДСМ.

Од лани е специјален советник на Заев за култура.