Поранешниот активист , а сега советник на генералниот секретар на СДСМ, Замир Мехмети реагира по „акцијата“ на вицепремиерот Бујар Османи, кој во саботата беше во инспекција за да провери дали институциите го спроведуваат законот за двојазичност.

„Убаво е тоа што вице премиерот за европски прашања оди во инспекција по институции за да види дали се спроведува законот за двојазичност.
Ќе беше уште поубаво ако текстот со видеото беа преведени и на македонски, пошто нели се залагаме за спроведување на закон..
А најубаво ќе беше и да отидеше до Мала Речица за да побара конечно да биде поставено државното знаме, а не вака селективно да брка ситни политички поенчиња.
Или се бориш за вистински спроведување на закон, или вака си се брукаш себеси и партијата трето нема“ му порача Мехмети на Османи на Фејсбук.

SHARE