Мекејлеб се потсети на Македонија со забивање во македонскиот дрес (ВИДЕО)

Најдобриот странски кошаркар што заиграл за Македонија, Лестер Бо Мекејлеб, на својот профил на Инстаграм се потсети на настапите во македонскиот дрес со споделување на свое забивање на натпревар во Скопје.

Станува збор за дуелот со Велика Британија во арената „Борис Трајковски“ од квалификациите за Европското првенство 2011 во Литванија, на кое Македонија го освои историското четврто место, а тој беше избран во идеалната петорка на шампионатот.

На мечот со Британците, кој Македонија го доби со 75:56, Американецот со македонски пасош беше најефикасен со 20 поени.

Видеото на линкот:

View this post on Instagram

SHARE