Претседателот на Демократската партија на Албанците (ДПА) Мендух Тачи на денешната партиска прес-конференција истакна дека Македонија за празникот Рамазан Бајрам треба да го следи примерот на Турција. Таму е определено да има четири дена карантин и се препорачува празникот да се помине дома.

„Иако ние како земја не сме дел од високоразвиените земји мора да следиме како се однесуваат развиените западни земји. Од друга страна, како муслимани, ние мора да ги следиме и развиените земји кои имаат муслиманско мнозинство, во овој случај да ја земам Турција како пример. Особено ја следев позицијата на турската влада и нивните препораки за намалување на движењето за време на празникот. Мора да бидеме крајно внимателни, пандемијата не помина“ , рече Тачи.

SHARE