Меркел е добро, останува до крајот на мандатот

Германската канцеларка Ангела Меркел е добро и планира да го отслужи целиот мандат до 2021 година, тврди шефот на нејзиниот кабинет Хелге Браун.

Меркел, која наполни 65 години, последните недели во три наврати се тресеше на јавни церемонии, што отвори прашања за нејзината здравствена состојба.

Браун рече дека здравјето на канцеларката е добро и оти е способна да го одработи целиот мандат, до сојузните избори закажани за 21 октомври 2021 година.

SHARE