Меркел не се согласува со „дијагнозата“ на Макрон за НАТО


Германската канцеларка Ангела Меркел не се согласува со Макрон дека НАТО е во состојба на „мозочна смрт“ и смета дека францускиот претседател користи „драстични зборови“.

„Не мислам дека вакви оценки се неопходни, па дури и ако имаме проблеми, треба да сме сплотени“, вели канцеларката на средбата со генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг.

Столтенберг пак потенцираше дека Алијансата е силна, укажувајќи дека САД и Европа „соработуваат повеќе отколку во изминатите декади“.

Францускиот претседател Емануел Макрон во драматично интервју за списанието „Економист“ тврди дека НАТО се наоѓа во состојба на „мозочна смрт“, а Европа на работ на амбис.

SHARE