Остатокот од светот повеќе не може да смета за здраво за готово дека САД сè уште се стремат да бидат глобален лидер и треба соодветно да ги прилагоди своите приоритети, предупреди Ангела Меркел.

„Растевме со извесно знаење дека Соединетите држави сакаат да бидат светска сила. Ако САД сега сакаат да престанат да ја играат оваа улога по сопствена волја, треба сериозно да размислиме за тоа“, рече Меркел во интервју за група од шест европски весници, меѓу кои и „Гардијан“.

Нејзините зборови се одговор на одлуката на претседателот Доналд Трамп да го намали американскиот контингент во Германија од 35.000 на 25.000 војници, затоа што, според него, Германија не троши доволно за одбрана во рамките на НАТО.

„Ние, во Германија, знаеме дека треба да трошиме повеќе за одбрана, постигнавме значително зголемување во последните години и ќе го продолжиме овој пат за да го зголемиме нашиот воен потенцијал“, рече Меркел.

SHARE