Меркел остана без наследник за канцелар?

Анегрет Крамп-Каренбауер, назначена од германската канцеларка Ангела Меркел за нејзин наследник, нема да се кандидира за канцелар во Германија.
Крамп-Каренбауер објави дека се повлекува од функцијата претседател на Христијанско демократската партија и дека нејзината одлука стапува на сила веднаш.
Според изворите на Ројтерс, Крамп-Каренбауер нема да се кандидира за канцелар 2021 кога ќе се одржат изборите.

Во исто време, агенцијата посочува дека Меркел инсистирала на тоа таа да остан на функцијата министер за одбрана.

Крамп-Каренбауер неодамна беше во центарот на политичкиот скандал што предизвика итна средба на владејачката коалиција со која претседава германската канцеларка Ангела Меркел.
Единствената тема на собирот беше прашањето за иднината на коалицијата по политичките превирања на изборите во Тирингија кога беше избран екстремно десничарскиот премиер, со помош на десничарската Алтернатива за Германија и исто така ЦДУ.
Социјалдемократите бараат одговор и одговорност на Христијанско демократската унија и го критикуваат раководството на Анегрет Крамп-Каренбауер, наследникот на Меркел во раководството на ЦДУ.

SHARE